Претставена електричната флота!
Генералниот увозник на Peugeot и Opel за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, организираше дружење со 100% електричната и плагин хибридна гама на Peugeot и Opel. Импресивно беше друштвото од 10 електрични и plug-in хибридни возила кои Еуроимпекс ги претстави на домашната јавност, но и цврстата определба на компанијата да ги спроведе плановите на принципалите во рамките на петте земји во кои ги застапува Peugeot и Opel. Во прекрасниот амбиент на Камник, пролетта се покажа во сета своја раскош. Дождот и сонцето се менуваа, а ветерот ги покри експонатите со листови од цветови од багрем. Како самата природа да ја потврди нивната еколошка прифатливост!
Двата бренда се под чадорот на Stellantis и на располагање имаат технологија што е високо компететивна на пазарот. Клиентите имаат привилегија да го изберат моделот кој го посакуваат, а потоа да го изберат неговиот погон. Така на пример, кај Peugeot 2008 или кај Оpel Mokka, потенцијалните клиенти може да изберат помеѓу бензин, дизел или електричен погон. Модлуларните платфоми овозможија потполно идентичен внатрешен простор без оглед дали се работи за изведба со класичен мотор, плагин хибрид или БЕВ.
Кога станува збор за хибридната технологија, брендовите Peugeot и Opel нудат систем кој е врвот на хибридното стебло со батерија со најголем капацитет. На смотрата беа присутни Peugeot e-208, e-2008, новиот Peugeot 308 PHEV, 3008 PHEV, 508 PSE PHEV, Peugeot e-Rifter, Opel Corsa-e, новата Opel Astra PHEV, Opel Mokka-e, новиот Opel Grandland PHEV и Opel Combo-e. Јаготка на шлагот беше македонската премиера на две плагин изведби.
За еколошки ориентираните наменета е верзијата на Opel Astra во својата промотивна боја „култ жолта“. Нејзиниот 1,6 литрен турбо-бензинец во соработка со електромоторот испорачуваат 180 коњи. За возачите со спортски амбиции електрификацијата отвори нови перспективи. Нив најдобро ги претставува Peugeot 508 РЅЕ. Тој со истиот бензинец постигнува двојно поголема системска сила од Astra и има перформанси достојни за почит. „Електричните погони целосно ќе ги потиснат моторите на внатрешно согорување и во блиска иднина ќе станат главен двигател на транспортните средства.
Ние, Еуроимпекс и нашата дилерска мрежа, веќе активно работиме во насока на имплементирање на промените и иднината секако ја дочекуваме подготвени. Работиме во насока на 100%-на експертиза и професионалност и се гордееме со нашата богата понуда на електрични и plug-in хибридни возила.“ – изјави Зоран Серафимовски, Извршен директор на Еуроимпекс. Повеќе информации за моделите и услугите можат да се добијат во салоните на Peugeot и Opel, како и на веб страните peugeot.mk, opel.mk. Електрифицираните модели се достапни за нарачка.

