Stellantis – LG Energy Solution

Нов бунар копај, во стариот не плукај!

Сите членки на Stellantis се ориентирани кон струјата, но ги усовршуваат моќните бензинци

Две вести што пристигнаа една по друга даваат јасна слика за иднината на моторизацијата на моќната групација. Со инвестиција тешка пет милијарди долари Stellantis и LG Energy Solution ќе изградат нова фабрика за батерии за електрични возила во Онтарио, Канада. Од таму ќе се задоволуваат потребите за електрификацијата на моделите во Северна Америка. Одлуката за локацијата не е случајна поради фактот дека во Виндзор се склопуваат неколку модели на Chrysler меѓу кои Pacifica е хибрид. На ова се надоврза втората вест која се однесува на термичките мотори. Преставен е нов бензинец од генерацијата Hurricane врз кого ќе се темели идната мобилност на моделите со вакви мотори. По архитектура е линиски шест цилиндричен би-турбо кој има стандардна и засилена верзија. Разликата помеќу нив е 100 коњи. Стандардното дотерување испорачува 400, додека засиленото 500 коњи! Со перформанси од посилните V8  мотори, зачудувачко е зголемувањето на ефикасноста за 30%. Електрификацијата на гамата и воведување потполно електрични возила е јасна одредница по која чекорат сите марки арно ама како и самите да признаваат дека цилиндрите колото ќе го водат надвор од развиените пазари.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER