Иновативен концепт за иднината
Поногот на електрична енергија се омасовува, но сé повеќе се размислува на водородот и горивните ќелии
Перформансната марка на Renault прикажа здивоодземачки концепт направен од дваесет и осум студенти на пост дипломски студии по транспортен дизајн. Концептот на суперавтомобил A4810 е ориентиран кон технологиите од следната генерација, а истовремено се залага за традиционалните карактеристики на брендот Alpine.
Проектот предводен од студенти е идеален начин за Alpine да ги прошири своите хоризонти на новите генерации дизајнери и возачи и да ја подигне свеста за иновативниот проект претставен од талентирани студенти. Според основните технички карактеристики (должина 5.091 mm, ширина 2.010 mm, висина 1.055 mm и меѓуоскино растојание 2.717 mm) може да се заклучи дека, доколку стане реалност, истиот може да се имплементира во многу сериски модели на Renault.
Дизајнот има аеродинамични карактеристики инспирирани од болидите на Формула 1. Тимот студенти користеше дигитални алатки за дизајнирање на ентериерот преку скици, 3Д модели, рендери, анимации и развој на HMI (Human Machine Interface). Со вклучувањето на напојувањето со водород, тие развија концепт кој е речиси подготвен да тргне по патот на многу поодржлива иднина, која е далеку по еколошка од сегашните електрични возила со батерија.


