Четири како осум!
Првата едиција на Lotus Emira ја движи силен четири цилиндраш од AMG
Новата четирицилиндрична Emira има мотор со директно вбризгување изработен од „докторот“ за перформанси AMG. Иако е веќе виден во AMG A45 и неговата посилната Ѕ верзија која испорачува 418 коњи. Преработен специјално за Lotus Emira тој има многу конструкторски промени и потполно нов софтвер за да овозможи вкупно 380 КС. Поставен средишно тој ја испорачува силата на задните тркала преку осум степен менувач со двојна спојка.
Користејќи врвна технологија, тој обезбедува извонредни перформанси и релативно ниски емисии на С02. Високото ниво на опременост е понудено и во посилната верзија со 3,5 литрен V6 мотор со 400 коњи позајмен од Toyota за кого е резервиран шест степен мануелен менувач. Четири цилиндерската верзија ќе биде понудена за нарачки од април, додека „шестакот“ со V формација на пазарот ќе се појави во јануари вгодина. Цените за европскиот пазар ќе започнуваат од 88.000, додека верзијата со шест цилиндри ќе биде поевтина за исто толку илјади евра.

