И Abarth влезе во SUV сегментот

Ама само во Бразил!

објавено на 14 март 2022

Лансиран есента, малиот SUV Pulse го покажа различниот пат по кој Fiat чекори на јужноамериканскиот пазар. Сигурни сме дека ваков модел ќе привлече интерес и во Европа, но политиката на италијанската куќа и таква и тој останува само за таму. Но сега, откако без никаква најава (барем таква не стигна до нас на оваа страна на земјината топка) се појави негова Abarth верзија, навистина треба да се запрашаме зошто Fiat или Stellantis, сеедно, не направи напори да понуди вакво нешто и на пазарите во другите региони, а не само во Бразил.

Атрибутите што Abarth Pulse ги има ќе помогнат во убедувањето на купувачите. Долг е 4,1 метри и во основа е кросовер верзија на хечбекот Argo, кој настапува како наследник на Punto и Palio. Информациите за него засега се доста штури. Всушност ги нема воопшто – официјално е познато само дека ќе ја „затруе”дилерска мрежа на Fiat (користиме нивни зборови) пред крајот на годината и дека ќе биде награда за победникот на бразилското издание на Големиот брат, каде беше промовиран. Неофицијално, ќе има 1,3 литарски турбо бензинец со 185 коњски сили, спортски подесено подвозје со 18-инчи тркала и засилен систем за сопирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER