Тројство тешко две милијарди евра

Нема сомнение дека VW сите адути ги полага на електрификацијата

Проектот Trinity е новата ѕвезда за целосно електричната флота на Volkswagen и точка на кристализација за ACCELERATE стратегијата на марката. Задача е реализација на новиот мал електричен автомобил, планиран да се произведува од крајот на 2026-та, да има многу пократко време на полнење и автономија над 700 километри! Trinity треба да биде јаглерод-неутрален, ќе биде опремен со најсовремен софтвер на Групацијата и технички подготвен за автономно возење, Ниво 4. Основата е новата SSP платформа на која се проектира да бидат произведени повеќе од 40 милиони возила. Новиот погон за електричниот модел Trinity треба да биде изграден блиску до главната фабрика во Волфсбург, со вкупна инвестиција од околу 2 милијарди евра. Таа е клучна компонента на најголемата програма за модернизација во историјата на главната локација на Фолксваген. Градежните работи треба да започнат најрано пролетта 2023 година а првиот произведен автомобил да ја напушти лентата во последниот квартал од 2026 година. Volkswagen има намера да постави стандарди во производството на Trinity од 10 часа по возило.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER