Нова алијанса за електрични возила
Предизвикот да се влезе во изработка на ЕВ полека се реализира…
Sony 2020-та година ги изненади сите со својот настап во Лас Вегас на саемот за електроника. Познатиот јапонски производител таму го покажа својот прв автомобил Vision-S, елегантна електрична лимузина. Лани настапи со концепт на крос-овер Vision-S 02 и службено потврди дека ја истражува можноста за производство на електрични автомобили.
Два месеци подоцна дојде известувањето дека е постигнат договор со Honda за стратешко партнерство. Во оваа фаза јапонските гиганти ја разгледуваат можноста за стварање алијанса која ќе произведува и продава електрични автомобили. Затоа ќе биде формирана компанија чие работно име е „Нова компанија“ и истата до крајот на годинава треба да стане оперативна. Ако сé се одвива според планот првите производи би требале да пристигнат на пазарот во 2025. Најверојатно производството ќе се одвива во некоја од фабриките на Honda а платформата ќе ја развива Sony.
Не е сигурно дали идните модели ќе имаат било каква врска со претставените студии, но факт е дека јапонскиот електронски џин перманентно ги развива претставените концепти и досега соработуваше со добавувачи како Magna Steyr, Bosch, ZF, Continental, Nvidia и Qualcomm. Според објавеното, двата концепти имаат два електро-мотори со вкупно 536 коњи. Доколку овој проект се реализира тоа ќе им даде предност на јапонците во однос на Apple кој неколку пати покажуваше интерес за влез во производство на возила и исто толку пати се пишмани.

