Обновен повеќе отколку што треба
Новата генерација настапува со самополнечки и плаг-ин хибриди
Луксузниот огранок на Toyota, срамежливо влезе во Европа, но сега челниците на брендот се каат што не го направиле тоа порано. Од самиот старт на продажбата Lexus бележи константно зголемување и сака тој тренд да го продолжи. Најпродаваниот модел NX неодамна доби нова генерација која, традиционално, прво им беше понудена на Американците а од скоро и на европската публика. Македонската премиера ни откри дека дури 93% од компонентите се нови или потполно модифицирани, а посебно внимание е посветено на две основни филозофии што се проткајуваат насекаде, на надворешноста и во ентериерот.

Додека надворешноста претставува модифицирана интерпретација на дизајнерскиот отисок на компанијата, во внатрешноста се употребени две јапонски „доктрини“. Првата е Tazuna (романизација) и се однесува на екранизацијата на конективните технологии и асистентите. Целиот волумен на кабината е по теркот на Omotenashi (гостопримливост). Моторизацијата е веќе позната и проверена. Сочинета е од класичниот самополнечки хибрид 350h со системски 178 kW (од 49.990 евра) и плаг-ин хибрид, 450h+ 227 kW (од 69.990 евра), способен да помине над 60 километри само на струја. За двата основата е 2,5 литрениот четири цилиндерски бензинец. Подетално околу новиот Lexus NX можете да се информирате во Тојота Авто Центар.


