Помеѓу технологијата и уметноста

објавено 03.03.2022

Доколку се оствари, О2 ќе го редефинира поимот роудстер

Специјалистот за електрични возила Polestar преку студијата О2 сака да воведе неколку нови категории во изработката и конципирањето на електричните кабриолети. Со јасно превземени стилски елементи од претходната студија  Precept, Polestar О2 има распоред на седење 2+2 и преклоплив тврд покрив со панорамско застаклување.

Силната персоналност која е несебично нагласена открива еден сосема поинаков пристап во имплементирање на нови материјали во изработката на идните модели. За него креаторите се изјаснија дека е точка на средба меѓу технологијата и уметноста, меѓу прецизноста и скулптурата, со одлучен, но не и агресивен став. Тој го прикажува напредокот во одржливоста и технологијата на суптилен начин. Швеѓаните сакаат, покрај сензацијата на возење кабрио без звук на мотор, да воведат „моно-материјал“. Тоа е термин  што ја опишува употребата на еден основен материјал за производство на различни компоненти. Вториот фокус е на употребата на рециклирани материјали со подобрени методи на контрола на квалитетот.

Во Polestar O2 рециклираниот полиестер е единствениот материјал што се користи за сите меки компоненти на ентериерот, додека самата конструкција на каросеријата користи различни типови на алуминиум. Ова го поедноставува рециклирањето што е значаен чекор кон поголема кружност на материјалите и ја намалува тежината на возилото. Аеродинамиката се манипулира за да се зголеми опсегот благодарение на прикриените дизајнерски карактеристики како интегрираните канали кои го подобруваат протокот на воздух над тркалата, страните на каросеријата и задните светла кои функционираат како воздушни сечила за да ги намалат турбуленциите зад автомобилот.

Тоа е неопходно и за  полетување на автономниот видео дрон кој е интегриран во возилото зад задните седишта. Тој автоматски го следи кабриолетот до 90 km/h и може да го снима патувањето од воздух. Според плановите Polestar во следните две години ќе лансира по еден модел годишно. Најавените технолошки пристапи во производството наскоро ќе бидат имплементирани. Остана само не јасно дали по двата потполно нови модели третиот ќе биде кабрио?!

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER