KIA EV6 – Автомобил на годината во Европа

Првото одличје за првото електрично возило на KIA

објавено 01.03.2022

Европското жири го круниса електричниот EV6

Со вкупно освоени 279 поени титулата  „Автомобил на годината во Европа“ за 2022 ја понесе првиот потполно електричен автомобил на KIA. EV6 побудува големо внимание било каде да се појави. Се уште не е јасно дали е поимпресивен изгледот или перформансите што ги ветува во својата врвна изведба. Тоа беше доволно да оствари 10 поени разлика пред второ пласираниот Renault Mégane E-Tech Electric и братучедот Hyundai Ioniq5 кој собра 261поени. Меѓу финалистите Peugeot 308 беше единствениот што не е потполно електричен но успеа да се пласира пред Skoda Enyaq iV, Ford Mustang Mach-E и Cupra Born. Церемонијата на доделување на одличјето беше пренесувана од опустошениот Женевски ПалЕкспо кој не успеа да се одржи ниту годинава, а како стојат работите и следната едиција е под голем знак на прашање!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER