Полицијата сака да му го земе автомобилот
објавено на 20 февруари 2022
Не знаеме дали Гинис следи вакви рекорди, ама 46-годишниот сараевчанец Ј.Ф. е сериозен кандидат бидејќи полицијата од главниот град на Босна и Херцеговина досега му има напишано 360 казни за сообраќајни прекршоци кои тој ги нема платено и на државата и должи неверојатни 280 илјади конвертибилни марки, односно повеќе од 140 илјади евра! Властите сакаат да му го земат автомобилот бидејќи возачката не можат, оти ја нема. Понатамошен коментар не е потребен.


