Молњата повторно ќе блесне со сиот свој сјај
објавено на 20 февруари 2022
Судниот ден на моторите со внатрешно согорување веќе е прибележан во агендата на Opel и затоа секој нивни модел во наредните две години ќе добие и електрична варијанта. Понатаму, како ќе се ближи крајот на постоењето и експлоатацијата на сегашните бензински и дизел технологии, целокупната понуда ќе биде електрифицирана за да почнувајќи од 2028-мата секој нов модел биде задвижуван исклучиво на струја. Добар дел од гамата и сега е на располагање во електрични изведби – тука се Corsa, Mokka и доставните возила, а идната година ќе се појави и електричната Astra. Insignia како последен модел од ерата на GM ќе мора да ја чека новата платформа на Stellantis, а во меѓувреме покрај кросоверските модели на марката веќе поставени на француските платформи сигурно ќе се појават и некои сосема нови, Manta на пример. Тогаш молњата повторно ќе блесне со сиот свој исконски сјај. Се работи и на подобрување на електричните технологии, најмногу на времето на полнење на батериите за што веќе е поставена цел – за една минута да се дополнат со доволно струја за поминување 30 километри, како и да се постигне автономија меѓу 500 и 800 километри, во зависност од моделот.



