Број еден се подготвува за лансирање!
Smart Automobile Co. е заедничко вложување помеѓу Mercedes-Benz AG и Geely Automobile Group Co.
Со преселувањето на Smart во Кина, многумина ја отпишаа марката сметајќи дека наместо неа, на пазарот ќе се појави тамошен бренд со ист производ. Таквите предвидувања делумно се остварија. Кинезите најавија сосема нов електричен модел кој произлегува од заедничкиот развој на двата вложувачи. Името „Број 1“ има симболично значење кого ќе го понесе новиот модел кој треба да дојде на пазарот годинава. Маркантната појава се одликува со скриени рачки на вратите, високо ефективен аеродинамички пакет, како и активно отворање на маската.

Во тек се тестирањата во Кинескиот истражувачки институт за автомобилско инженерство во Чонгкинг каде се наоѓа најнапредниот центар за тестирање на автомобилската аеродинамика во Кина. Број 1 беше подложен на сложено тестирање на патиштата во зимски услови на снег и мраз и во услови слични на секојдневното зимско урбано возење. Благодарение на беспрекорната соработка помеѓу Smart и дизајнерскиот тим на Mercedes-Benz резултатите од тестовите даваат јасен преглед на квалитетот, перформансите и доверливоста пред производот да се појави на пазарот.

Ова е прв производ поставен по обновувањето на брендот, па во Smart Број 1 избалансирана е технологијата на електричен погон и премиум квалитетот. Рано е да се шпекулира за цената но во предвид треба да се земат два клучни збора – електричен и премиум. За изненадувањето ќе се стрпиме до лансирањето, најверојатно во последниот квартал на 2022.


