Легендарната статуетка по 111 години е адаптирана
објавено 10. февруари 2022
Иконскиот декор на една од најлуксузните марки на светот по повод 111-от роденден е прилагодена на потребите на модерните модели на Rolls-Royce, особено на електричниот Spectre. 06.02.1911„Духот на екстазата“ е регистриран како интелектуална сопственост на марката и од тогаш е еден од симболите на препознавање на автомобилската аристократија. Формата на статуетката е иста, но намалена е од 100 на 82,7 милиметри и крилата се обликувани за помал отпор на воздухот. Комплетната аеродинамчна вредност кај Speсtre е најавена да биде 0,26. Духот на екстазата е најпозната и најпосакувана автомобилска максота на Планетава. Таа е повеќе од симбол. Таа е знак на гордост на само за Rolls-Royce туку и за неговите сопственици.



