Европско деби

Електричниот крос-овер паралелно ќе ја започне кариерата од двете страни на Атлантикот

објавено 07. февруари 2022

На претстојниот Светски конгрес за Мобилност (Барселона 28.02-03.03.2022) закажана е европската премиера на Fisker Ocean. Неговото производство треба да започне во ноември годинава по што американскиот производител ќе ги дистрибуира на, за него домашниот, и европскиот пазар. За стариот континент дадена е првична цена од 41.500 евра што може да направи забележителни резултати на растечкиот пазар на електрични возила. Доволно просторен за пет патници Fisker Ocean Sport има декларирана автономија од 380 километри додека врвната верзија Extreme има погон на двете оски, три модуси на возење и до 600 километри слобода на движење. Калифорниската компанија ја одбра Англија  како центар од каде ќе ја шири својата Европска стратегија која е од есенцијална важност за Fisker бидејќи производството на корс-оверот Ocean ќе се одвива во Австрија.  Се очекува продажба од 60.000 возила годишно во Европа.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER