Животот почнува по стотата!

Инвестиција вредна 2,5 милијарди фунти во име на нулта емисија

Одржувајќи чекор со својот план за исполнување на целосниот циклус на производство и возила без испуштање на СО2 во атмосферата, Bentley најави амбициозен план. Со инвестиција вредна 2,5 милијарди фунти „летечкото Б“ ќе ја комплетира својата фабрика за електрични модели до 2025 година, која веќе е јаглеродно неутрална Тоа ќе се смета за почеток на потполната електрификација на понудата која ќе заврши до 2030 година опфаќајќи еден модел годишно, сите дизајнирани, развиени и произведени во Кру. Инвестицијата воедно, ќе овозможи фундаментална реинвенција на производствената инфраструктура и ќе помогне да се обезбеди поубава иднина за следната генерација производи и вработени. Кру ќе стане „Фабрика од соништа“, потполно дигитализирана, со нула енергетско влијание врз животната средина и ќе има флексибилен производствен капацитет. Забрзувањето на стратегијата Beyond100 и обезбедувањето производство на батериски електрични возила во Кру, заедно со инвестицијата од 2,5 милијарди фунти, се меѓу најважните точки во 102 годишната историја на Bentley и го носи во улога на лидер во одржливата луксузна мобилност.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER