Sweet home Alabama
Градскиот теренец го краси примамлив изглед и комфорна внатрешност
Како што најави пред некој месец, Mazda започна да го произведува новиот модел наменет за Северно американскиот пазар. Тоа е спортско-корисно возило од тамошната компактна класа што е за еден конфекциски број поголема отколку во Европа. Ова е првиот модел што се произведува во новата фабрика во Хантсвил, Алабама изградена на партнерска основа со Toyota. Mazda Toyota Manufacturing (MTM) е местото каде ќе се произведуваат новите модели на двете компании за Севрна Америка. Со капацитет од 300.000 возила годишно, ќе се произведуваат по 150.000 од секој бренд.

СХ-50 стандардно ќе се испорачува со i-Activ погон на сите тркала и 2,5 литарски бензински Skyactiv мотори. Двата се впарени со шест степена автоматска трансмисија, а посилниот има турбо полнач. Тие ја дистрибуираат силата на сите тркала со посебни алгоритми на работа во согласност на подлогата. Новата Mazda CX-50 можеби нема да пристигне во Европа, но за нас се најавени две изненадувања во следните две години. Едното е повторно во форма на спортско-корисно возило со номенклатура СХ-60 и моноволуменската СХ-80. Со нив ќе се воведат бензинско-електрични плаг-ин хибридни погонски единици. Со комбинација на голема моќност и ниски емисии ќе се одликува новата генерација Skyactiv-X мотор со шест цилиндри со палење со компресија и Skyactiv-D дизел прочистен со 48V благ хибриден систем.



