Volkswagen – СО2 во минус

Патот до нула емисии се гради!

Воведувањето на електричните и хибридните погони во патничките возила на VW доведе до позитивни резултати

Строгите прописи за проиозводителите на возила наметнати од Европската Комисија предвидуваат парични казни за сите оние чија флота продадени возила ја надминува границата од 119 грама јаглерод-диоксид по изминат километар. Врз основа на прелиминарните бројки, Volkswagen Passenger Cars ја надмина целта за 2021 година и произведе околу 5,5 милиони грама помалку CO2 отколку што се бара според прописите.

 

Вкупниот просек на продадените нови патнички возила на Фолксваген во Европската унија постигна просечни емисии на CO2 од 113 г/км, што е за шест грама помалку од пропишаните 119 г/км. Минатата година Volkswagen забележа нов рекорд во пласманот на електрични возила ширум светот, продавајќи повеќе од 369.000 електрифицирани автомобили што е скок од 73%! Вкупната бројка се дели на 106.000 PHEV (+33%) и 263.000 целосно електрични возила (+97%).

Во следните пет години Volkswagen ќе инвестира околу 18 милијарди евра, од кои најголем дел, речиси 14 милијарди евра, ќе бидат вложени за развој на понатамошни нови БЕВ модели и трансформација на производството кон е-мобилност. Во текот на годинава во две фабрики во САД ќе започнат со производство на ID.4 а на пазарот ќе се појават уште три модели поставени на модуларната матрица за електричен погон (MEB).

На глобалната понуда се придружуваат ID.5, ID.5 GTX и ID.BUZZ. Тие се основа за понатамошното исполнување на целта која Volkswagen сам си ја зададе. До 2030  емисиите на CO2 на моделите понудени во Европа да се намалат за 40 проценти а во 2050 компанијата да стане јаглеродно неутрална. Целта е целосна електрификација на новиот возен парк. До 2030 година, најмалку 70 отсто од сите продадени возила на VW во Европа ќе бидат целосно електрични возила. Во Северна Америка и Кина, уделот на електрични возила во поединечна продажба се очекува да достигне најмалку 50 проценти.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER