Влог вреден 20 милијарди долари
Со градењето на новата фабрика во Охајо, Интел најавува крај на кризата за процесори и полупроводници
Ова звучи прекрасно доколку не се земе во предвид дека најавената фабрика е уште во фаза на идеја. Дека станува збор за добра потврди и американскиот Претседател кој лично се зазема конгресот да изгласа подршка на овој проект бидејќи е од голема важност за американската економија.
Според планот, иницијалната инвестиција од 20 милијарди УСД ќе стане пет пати поголема бидејќи, доколку успее проектот, во околината би отвориле свои фабрики добавувачите и останатите индустрии неопходни да го хранат големиот систем. Ова би била најголема приватна инвестиција во Охајо. Интел би вработил 3.000 лица и се очекува уште 7.000 дополнителни вработувања. За да го подржи развојот на новата фабрика Интел ќе вложи дополнителни 100 милиони УСД во партнерство со образовни институции за откривање на талентирани студенти и финансирање на истражувањата во регионот. Доколку помине сé како што е планирано, изградбата на првите две фабрики се очекува да започне кон крајот на годинава, а првите чипови ќе почнат да се произведуваат во 2025 година.


