4Х4= разумно решение
Со погоните на сите тркала Opel ги истакнува возните својства на своите адути
Високата технологија секогаш била во пописот во возилата на Opel. Се случија многу промени, но марката од Руселсхајм остана доследна на своите постулати. Еден од нив е динамиката и удобството во возењето проследено со врвна безбедност. За покажување на капацитетот одбран е погонот на сите тркала кој се разликува во двата модели од понудата. Кај Insignia погонот на сите тркала користи систем со двојна спојка без диференцијал.

Вртежниот момент оди на едно или на двете задни тркала независно, овозможувајќи можност за векторирање на вртежниот момент низ целиот опсег на перформанси на автомобилот. При свиоци, поголемиот вртежен момент оди на надворешното задно тркало. Opel Insignia (174-230 КС) со погон на сите тркала стандардно доаѓа со мехатронска адаптивна суспензија FlexRide, која ги прилагодува амортизерите и управувањето во делови од секундата. Новиот Opel Grandland Hybrid4 ја комбинира моќноста на 1,6 турбо бензински мотор и два електрични мотори за системска моќност до 221 kW (300 КС). Електричната единица се состои од два електрични мотори, по еден на предната и задната оска. Моќноста на предниот електричен погон одговара на 81 kW (110 КС), а на задниот 83 kW (113 КС). Предниот електричен мотор ја пренесува својата моќ на предните тркала преку електрифициран осумстепен автоматски менувач.

Вториот електромотор и диференцијалот се интегрирани во задната оска, што го претвора Grandland Hybrid4 во возило со погон на сите тркала со оптимална влечна сила. На ова се додаваат и четири различни режими на возење кои овозможуваат брзо адаптирање на секаква подлога. Регенеративното сопирање ја доловува кинетичката енергија за време на забавувањето, која инаку би се трошела како топлина, така што електричната енергија може да се врати во батеријата од 13,2 kWh и да се складира. Со две каросериски изведби и два мотори Insignia со погон на сите тркала е лимузина со извонредни манири. Љубителите на крос-овери и модерна технологија во потполност ќе ги задоволат страстите со Grandland Hybrid4. За повеќе информации информирајте се на www.opel.mk


