Rolls-Royce – Луксузот ја проби орбитата!

Најдобар скор во историјата!

Изминатата 2021 многумина сакаат да ја заборават, но во Гудвуд ќе биде запишана со златни букви.

Токму во пандемиската година „Духот на екстазата“ најмногу се рашири по целата планета забележувајќи зголемување во однос на 2020-та за 49%! Воедно, тоа е и најдобар годишен пласман на возила во 117 годишната историја на Rolls-Royce. Погоните ги имаат напуштено 5.586 возила, најмногу од нив Ghost и Cullinan, и упатени се на сите континенти. Долги години марката е лидер во сегментот на луксузни возила поскапи од 250.000 евра, а покрај високиот луксуз и извонредното ниво на завршна обработка, нуди изведби по нарачка чија цена се чува како деловна тајна! Лани остварена е посебна изведба со  Hermès на Phantom Oribe, потоа Phantom Tempus, уникатниот Boat Tail и сензационалниот Black Badge Wraith. Најавено е дека во последниот квартал на идната година ќе биде комерцијализиран Spectre, првиот потполно електричен Rolls‑Royce, кој е во фаза на тестирање. Тоа се врши на сите четири страни на светот, во чии рамки ќе се поминат 2,5 милиони километри.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER