Електро мобилност – Кинезите за пример

Во најава нова доминација

Кинеските марки со чудни имиња може да ги подучат „ветераните“ за опсегот и цената

Кина во моментот е најголем светски пазар на возила, што јасно укажува дека во иднината ќе ги диктира условите во автомобилската индустрија. Тоа го поткрепува напливот на нови марки за електрични возила на глобалниот пазар што ни доаѓаат од нај населената земја на планетава. Доколку ги споредиме бројките на продажба за 2020 Кина беше лидер со околу 19,8 милиони нови возила, а во САД 14,5 милиони. Сепак, за најголемиот пазар на светот малку знаеме, осем што сите, буквално сите, брендови сакаат да се присутни таму и да земат дел од колачот. На пример, Кина е втор дом на Mercedes-Benz а се повеќе марки имаат значаен дел од своето производство таму, особено на електрични возила. Како пример ќе ја земеме државната компанија Changan која неодамна го лансира својот прв електричен седан С385.

Според кинескиот циклус на тестирање на лесни возила С385 е способен да помине 600 километри со едно полнење што е помалку само од два американски модели кои се во продажба. Tesla Model S Long Range декларира 650 додека атрактивниот Lucid Air Dream Edition ветува повеќе од 820 километри. Кога ќе ја земем во предвид нивната цена тогаш равенката дава сосема поинакви вредности. Tesla започнува да се продава од 90.000 додека Lucid околу 170.000 долари. Продажната цената на С385 се уште не е објавена, но не би изненадило да чини една третина од Tesla! Овие факти убаво се вклопуваат со новиот слоган на Чанган „патување без вознемиреност“. Покрај седанот, на повидок е лансирање на првото електрично спортско-корисно возило наречено Uni-Kidd кое би требало да има идентичен опсег како и седанот. Сето ова делува примамливо. Кинезите ја научија лекцијата од техниката и што е најважно не се погонети од алчност. Сега им останува уште да научат како да ги именуваат моделите за да направат попара!

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER