Alpine A110 – Повторно во жандармерија

Трета генерација жандарми!

Интервентаната група ќе ита со Alpine А110

Спортската марка од групацијата Renault прими нарачка за 26 парчиња на најновиот модел А110 кој ќе служи во бригадата за итни интервенции. Од наш агол на гледање ова може да се нарече како расфрлање, но историјата потврдува дека ова е трет модел на Alpine во служба на оваа единица.

Во 1966 година започна приказната со Alpine A310 која се користеше и во 1970-тите и 1980-тите во својата втора генерација. Испораката на А110 ќе започне на почетокот на 2022 година и ќе се одвива во текот на четири години. Возилата се приспособени на полициските барања, а моторот има 252 КС. Каросеријата е брендирана со рефлектирачки фолии, сини светла, сирена за итни случаи и специјален сигнален систем. Првите две набавени возила за итни интервенции ќе се користат исклучиво за обука.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER