ЈП ПОЦ – Елка од рециклирани шишиња

И отпадот има вредност!

ЈП ПОЦ и Општина Центар ја поставија првата еколошка новогодишна елка направена од рециклирани пластични шишиња

Акцијата за намалување на пластичниот отпад и лименки, која една година е активна, кулминира со Новогодишна елка висока 5 метри. Таа е изработена од повеќе од 500 употребени зелени пластични шишиња и лоцирана е во Дебар Маало кај кружниот тек близу општината. Поставувањето на оваа елка е впечатлив начин да се истакне како пластиката може да се рециклира и да се искористи повторно. Општина Центар преку проектот „И отпадот има вредност!“ е прва општина во регионот која одлучи на уникатен начин да ја развие еколошката свест на граѓаните и да им овозможи да учествуваат во правилно справување со отпадот преку рециклирање на пластични шишиња и лименки со цел да придонесат во намалувањето на количината на отпадот кој завршува во депониите. За една година, во рамките на проектот, рециклирани се повеќе од 300.000 PET пластични шишиња и лименки, издадени се над 3000 Green Pay картички, исплатени се над 300.000 денари субвенции од Општина Центар за сите граѓани кои се вклучиле во процесот на рециклирање.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER