Сè во црно!
Проект наречен „сè во црно“ на американската тјунинг куќа Mansory даде нова визуелна интерпретација на британскиот супер-автомобил.
Ништо не е чепкано во механиката бидејќи таа е подесена пред неколку години кога беше лансиран претходниот проект. Уште не е јасно дали четири литарскиот V8 моторот со два турбо полначи ќе остане недопрен. Тој е дотеран до 744 коњи кои до стотка стигаат само за 2,8 секунди а можат влечат до 345 км/ч. Видливи се зафати кои му даваат на изгледот по агресивен настап.

Предниот дел претрпе измени на браниците додека профилот доби маркантни канали кои обезбедуваат дополнителна количина на воздух за ладење на моторот и сопирачните, но и ги подобруваат аеродинамичните својства. На ова придонесуваат 22 инчните тркала комплетирајќи надворешниот изглед. За кабината Mansory избра црн велур за школкастите седишта украсени со бели шaвови и вметоци од кожа. Во интериерот јасно се гледа логото на тјунерот на потпирачите за глава и на праговите.



