Во чест на „Големото синило“
Вториот специјален проек е најсилниот во историјата на Morgan
Познат по своите носталгични спортски модели, британската марка го слави минатото. Во чест на тркачкиот модел Plus 8 од деведесеттите години на минатиот век, Morgan произведе реинтерпретирана ограничена серија од само девет примероци. Интересно е што таа е опремена со V8 мотор чии 375 коњи го прават најсилен модел што било кога излегол од фабриката во Малверн. Plus 8 GTR за сите девет изведби ќе биде офарбан во иста боја, а оние што го нарачаа ќе можат да стават свој личен придонес за уникатноста на секој од нив. Цената не се споменува, а останатите осум примероци се во изработка и ќе бидат завршени во следните месеци за да бидат подготвени за официјално предавање на купувачите закажано за два месеци. Ова е втора ограничена серија што годинава ја промовира Morgan. На почетокот на есенва беше претставен авантуристичкиот Plus Four CX-T.



