Ветеранот разочара!
Дали лошиот резултат ќе ја десеткува продажбата?
Единаесет нови возила беа подвргнати на најновиот тест за безбедност на патниците на Euro NCAP. Повеќето добија највисока оцена од пет ѕвезди, две добија добри четири додека два електрични автомобили потфрлија. На Renault Zoe не му беше доделена ниту една ѕвезда додека Dacia Spring доби само една! Оценката за Zoe, еден од најуспешните електрични автомобили на пазарот, лансиран во 2020 година, е речиси поразителна. Промената на страничното воздушно перниче сместено во наслонот на седиштето со воздушното перниче на градниот кош, што се случи како дел од ревизијата на моделот направена лани е чекор наназад. Експертите за безбедност тоа го оценуваат како лошо. Покрај тоа, на Zoe генерално му недостасуваат системи за асистенција. Истото важи и за Spring, кој, според Euro NCAP, е првенствено дизајнирана за барањата на земјите во развој. BMW iX, двата модели на Genesis G70 и GV70, Mercedes EQS, Nissan Qashqai, Škoda Fabia и VW Caddy беа наградени со пет ѕвезди. Fiat 500e и MG Marvel R постигнаа четири ѕвезди.













