Стратешко партнерство

Заеднички во ECOBEST Challenge за поефикасна електрификација!

објавено 06. октомври 2021

Само еден ден по одржувањето на Гала вечерта во Барселона доаѓа уште едно пријатно изненадување од AUTOBEST. Идејата за ECOBEST Challengе успешно се надградува две години, а сега кулминира со стратешкото партнерство со виетнамскиот производител VinFast. Поминаа три години од најавата дека Виетнамците се подготвени за влез на глобалниот пазар, а во Европа тоа ќе го прават во партнерство со AUTOBEST. VinFast го најавува своето деби на Стариот континент со неколку модели, меѓу кои, покрај оние со мотор на внатрешно согорување, ќе има две чисто електрични верзии. Според планот, во текот на идната година VinFast официјално ќе настапи на пазарите во САД, Канада, Германија, Франција и Холандија. Подржувајќи го ECOBEST Challengе VinFast ќе придонесе во транзицијата помеѓу моторите со внатрешно согорување на електро погон, што е една од главните одредници на Виетнамците. ECOBEST Challengе 2021 ќе се одржи во Тераса, Шпанија, од 5 до 7 ноември. Резултатите од сите мерења ќе бидат соопштени за време на прес-конференција која ќе биде одржана по финализирањето на тестовите.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER