Монархијата не мирува!

Новиот бренд ќе дебитира со спортски електричен автомобил

објавено 06. октомври 2021

Името Piëch тесно се поврзува со Volkswagen и семејството Porsche и е вброена во автомобилското благородно стебло. Благодарение на визионерството на Фердинанд Пиех Фолксваген е тоа што денеска е. Неговиот дух не мирува и преку подмладокот на семејството стартирана е Piëch Automotive.

Под нејзино име на Саемот на автомобили во Женева 2019, настапи концепт автомобилот Mark Zero. Сега тој е основа на идниот сериски спортски автомобил. Целосно електричниот Piëch GT влегува во фаза на тестирање и треба да се појави на пазарот кон средината на 2024 година. Возилото долго 4,43 метри тежи помалку од 1.800 килограми и се напојува со три електрични мотори кои имаат вкупна моќност од 611 КС. Забрзувањето од нула до 100 км/ч трае помалку од три секунди, а до 200 нешто над осум секунди. Дизајнот на GT е базиран на класична конструкција на спортски автомобили. Од трите подеднакво моќни електрични мотори, едниот е поставен на предната оска, другите два на задните тркала. Piëch GT треба да биде изграден од познат производител на автомобили. Целта е 1200 возила во првата година. Уште два модели треба да го следат GT, спортско-корисно возило и спортски седан.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER