Се враќа ли и Ford Thunderbird?
Ford ќе оживее уште некои култни називи од минатото
Објавено на 22 септември 2021 година
Новата електрична гама на Ford ќе биде составена од стари имиња – позитивното искуство со Puma и Bronco го охрабри раководството на марката да оживее уште некои култни називи од минатото. Мурат Гилер, главниот дизајнер на европската филијала на Ford смета дека со помош на старите ознаки може да се даде сериозен акцент на освежувањето на понудата. Тој вели дека со користењето на имињата на култните модели од минатото ќе се внесат повеќе емоции во идните возила и ќе се раскажат приказни кои другите марки не можат. Не прецизираше за што се размислува но бидејќи се работи за електрични возила прво што паѓа на ум е Thunderbird. Покрај него, списокот е голем: Escort, Capri, Taunus – да наведеме само некои.



