Модернизирана класика
Со новата интерпретација на Café Racer се проширува серијата Speed Triple.
објавено 17. септември 2021
Уште еднаш британските мајстори покажаа дека се најдобри за реинтерпретирање на класичните форми. Прилично воздржаниот изглед не е сменет со децении, но е основа за нова изведба која колку е елегантна толку е брутална. Оставени се препознатливите овални форми на ветробранот и тркалезното светло. Со ниско поставените рачки и грпка на седиштето остава силен впечаток модернизиран со предната маска изработена од карбонски влакна. Speed Triple 1200 RR е достапен во две биколорни комбинации, секоја со соодветно пресвлечено седиште. Моторот испорачува 132 коњи, па изведбата RR е опремена со електронски прилагодливо полу-активно потпирање и пет режими на возење. На пазарот Speed Triple 1200 RR ќе се појави во јануари со проектирана цена од околу 20.400 евра.



