Ford – Transit Connect

Ford ќе плати 2 милијарди долари казна?

Извртувањето на прописите за да се платат помалку давачки не е само наш специјалитет

објавено 11. јуни 2021

Тоа го прави и Ford во Америка, и тоа од 2013 година кога започна да го продава Transit Connect. Бидејќи се произведува во Турција, тој подлежи на царина во висина од два ипол отсто за патничката и дури 25 отсто за доставната верзија. Но Ford сите возила ги увезува како патнички, при што доставните се опремени со евтина задна клупа која едноставно се демонтира. Тоа го забележаа и царинските службеници заради што веднаш покренаа постапка против Ford, обвинувајќи го за царинска измама. Адвокатите оттогаш наваму го влечеа процесот низ правните лавиринти, а дилерите го продаваа Transit Connect без застој. Но по сé изгледа дојде крај на тоа – највисоките судски инстанци ги одбија сите жалби на Ford, кој сега се соочува со енормни пенали.

Според сојузните служби, американскиот производител треба да плати дополнителни 180 милиони долари царински давачки и уште меѓу 650 милиони и милијарда и 300 милиони долари казни. Интересна е причината зошто Американците имаат толку високи царини за товарните возила. Имено, оваа таканаречена „пилешка такса“ беше воведена во 1963 година како одговор на давачките што Франција и Германија ги имаа воведено за американското пилешко. Заедно со лесните комерцијални возила со неа тогаш беа опфатени и некои други производи, но тие набргу беа укинати. Давачките пак за доставните возила останаа до ден-денес, како мерка со која Американците го штитат своето производство на пикапи. Иронијата во целата оваа приказна е што токму Ford како апсолутен пазарен лидер во овој сегмент има огромна корист од високите царини за доставните возила.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER