Тестови на ниски температури
Новиот супер спортски автомобил Maserati МС20 се подвргнува на интензивни испитувања на ладно време.
објавено 15. март 2021
Тестирањата за сигурност на пат и патека во различни услови на возење и на завеаните свиоци на автодромот Ливињо ќе дадат резултати како се однесува ”Тризабецот“ на ладно време. Ова е направено за да се оцени ладењето на моторот, перформансите при ниски температури на неговите еластични компоненти и управувањето со автомобилот на ладни и лизгави асфалтни површини. Тестот се изведува и за да се потврди правилното функционирање на системот за контрола на клима уредот во зимски услови, акумулаторот, потпирањето и сопирачките. Екстремните услови не го спречија новиот MC20, всушност, тие го нагласија спротивставениот карактер на овој автомобил, роден од тркачкото наследство на Брендот, но дизајниран за секриско производство.



