Атрактивен и опремен
Одличен дизајн, богата опрема и разнолика моторизација се адутите на 3008
објавено 4. февруари 2021
Кога се промовираше новиот 3008, увозникот Еуроимпекс го најави на нашиот пазар за почетокот на годинава. Речено – сторено. Сега скулптурално обликуваниот кросовер е достапен за нашите купувачи во неколку нивоа на опременост. Покрај дизајнот и опременоста се уште силна улога игра моторизацијата која е богата. Првично е понуден дизелот со популарниот четири цилиндерски 1,5 литрен BlueHDi впарен со осум степена автоматска трансмисија. Бензинците ги застапуваат трицилндерскиот 1,2 Pure Tech so 130 коњи и со еден цилиндер повеќе 1,6 PureTech со 180 коњи. И двата може да се добијат со автоматиката како кај дизелот. Во духот на електрификацијата која ја спроведува марката Peugeot, Еуроимпекс планира да донесе една од двете изведби со плаг-ин хибриден систем подоцна. Таа е базирана на модуларната ЕМР2 платформа има автономија од 59 километри, и во зависност од верзијата располага со 200 или 225 коњи со погон на сите тркала. Магнетски привлечниот дизајн, зголеменото ниво на безбедносна и конективна опрема ја оправдуваат повисоката стартна цена во однос на претходната генерација која почнува од 26.000 евра.



