ID.3 – Започнува транспарентно

Нов дом на ID.3

Амбициите на Volkswagen со електричните возила се големи

објавено 03. февруари 2021

Стаклената фабрика во Дрезден започна со сериско производство на целосно електричниот ID.3. Ова ја прави втора по капацитет за производство на ID.3 и веќе четврта во светот на Volkswagen модели базирани на Modular Electric Drive Toolkit (MEB). Поголемиот надворешен дел од фабриката има стаклена фасада  низ која можат да се видат повеќето процеси во производството. Тоа ќе биде едно од неколкуте искуства за посетителите на фабриката чија, покрај производствена, доделена и е едукативна и забавна улога.

Тука ќе се даваат првични совети и тест возења, до посети на производство, ко-конструирање на ID.3 и модерни формати на настани, до предавање на електричните возила на купувачите. Дополнителен фокус на стратешкото преуредување е развој на истражувачка и иновативна станица која управува со иновативни пилот проекти за подоцнежна употреба. Само пред неколку месеци кинеските фабрики во Антинг и Фошан започнаа со производство на возила врз платформата МЕВ. Заедно, овие четири погони имаат максимален капацитет за производство од повеќе од 900.000 возила годишно. Следните локации во Емден, Хановер и Чатануга (САД) исто така се подготвуваат за производство на MEB.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER