Нова електрична гама?
Успехот на ID го охрабрува VW да развие електрични лимузини
објавено 03. февруари 2021
Во наредните години, Volkswagen ќе инвестира 73 милијарди евра во својата иднина, и тоа првенствено ќе биде за електричните возила. Околу половина, 35 милијарди евра, одат само во развој на е-мобилност. По компактните модели од генерацијата ID, Volkswagen брзо ќе го прошири својот електричен опсег и ќе го доведе во повисоки сегменти. Aero B ќе биде првиот нов модел што ќе биде лансиран во следните две години. Впрочем тоа ќе биде само увертира за уште еден електричен Volkswagen кој ќе ја напушти производствената линија во Волфсбург во 2026 година и најавува нова ера и во однос на производството и дигиталните својства. Trinity (тројство или тројца) технологијата, веќе се врти низ кулоарите како ловец на Tesla и Super Golf, со димензии помеѓу 4,50 и 4,80 метри. Точната форма на Trinity во моментов сè уште е скриена под дебел вел од каде блеска само големо лого на VW. Менаџментот најавува дека Trinity ќе биде автомобил кој сè уште не постои во сегашна гама модели и треба да биде достапен од продажбата за пет години по цена од околу 35.000 евра.

Развиена е посебна платформа за Trinity бидејќи името на моделот станува програма, која треба да комбинира три својства. Новата платформа со рамно дно претставува комплетно нова корпоративна архитектура. Trinity се залага за „демократизација” на автономното возење. Возилото, кога ќе дојде на пазарот, ќе биде опремено со нивото 2 плус за автономно возење и ќе биде подготвено за нивото 4! Во иднина, моделот ќе комуницира со другите модели на групацијата Volkswagen и ќе може да собира и разменува податоци. Патем, Volkswagen сака со новиот седан од средната горна класа да демонстрира дека иновативни електрични автомобили може да се произведат и во фабрики кои прават традиционални возила, како онаа во Волфсбург. Volkswagen се потпира на испробаните литиум-јонски батерии како извор на енергија. Посакуваниот опсег и брзината на полнење исто така не се познати. Сепак, двете вредности веројатно нема значително да се разликуваат од податоците насочени за Aero B.



