Ford – Mustang Mach-E

За Кина од тамошно производство

Фабриката на Ford во Чанган ќе го произведува Mach-E

објавено 31. јануари 2021

Како дел од глобалната стратегија за електрификација Ford го шири производството на Mustang Mach-E во Кина. Фабриката во Чанган е одбрана за изработка на електричниот кросовер за кинескиот пазар без да прецизира колкава бројка ќе достигне производството. Веќе е дефинирано дека на тамошните купувачи ќе им биде понуден целосниот пакет опременост со најновите технологии за асистенција на возачот обединети под системот Cо-Pilot360 како и инфозабавниот Sinc+. Mustang Mach-E ќе има дострел од 600 километри. ”Синиот овал” секогаш давал значење на перформансите од кои не ги скратува ниту купувачите на електрични возила. Понудена изведба GT која забрзува до стотка за импресивни три секунди. Заложбата на Ford кон електрификацијата е силна. Како потврда за тоа е инвестицијата во развој и производство на електрични возила која тежи 11,5 милијарди долари. Производството на Mustang Mach-E во Кина треба да започне на есен.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER