Регулаторна – 95 поскап за пола денар

БС-95 напред, останатите стој!

Од полноќ горивата во просек поскапуваат за 0,21% во однос на минатата седмица.

објавено 04. јануари 2021

Просекот го крена поскапувањето на БС-95 за 0,50 денари. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 53,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит. Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемуваза 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката од 28.12.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 61,00 ден/лит.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER