Плаг ин хибриден систем за два популарни модели
Пред официјалното влегување на FCA под капата на РЅА пристигнуваат првите придобивки за итало-американската групација
објавено 09 јули 2020
Честа први да ја понесат плаг-ин хибридната технологија во портфолиото на Јеер им припадна на Renegade и Compass а ќе ја носат наставката 4хе. Тие од вчера може да се нарачаат во Италија и Франција а нешто подоцна месецов и на останатите важни европски пазари. Со ова марката фаќа чекор со електрификацијата и таа започнува токму во Европа која важи за најпробивлив пазар во светот. На самиот почеток ќе се нудат три нивоа на опременост со сила на моторите помеѓу 190 и 240 кѕ со пренос на силата на предните тркала од моторот на внатрешно согорување а на задните преку електромоторот.

Оние што барем малку ја следат автомобилската индустрија веќе го препознаваат овој принцип од адекватните изведби на РЅА од кои американците ќе се разликуваат по 1,3 литарски турбо бензински мотор. Тој ќе има две верзии на сила од 130 и 180 КС засилени со 60 коњи произведени од електричниот мотор сместен меѓу задните тркала. Во однос на вртежниот момент, електричниот мотор произведува 250 Nm, додека моторот со внатрешно согорување испорачува 270 Nm.

Комбинацијата на двата мотори гарантира забрзување од 0 до 100 км на час за околу 7,5 секунди, максимална брзина од 130 км на час на струја и до 200 км на час во хибриден режим на возење. Кај двата модели Renegade 4xe и Compass 4xe имаат електричен мотор кој се напојува со батерија од 11,4 kWh што може да се наполни за време на возењето, со употреба на домашна електрична мрежа или од јавна точка за полнење.
4xe моделите имаат најсовремена поврзаност со цел да се задоволат specifi;nite потреби на клиентите на овој вид возила. И Renegade и Compass 4xe се опремени со новиот Uconnect систем кој опфаќа пет различни пакувања. Специфичен за моделите 4xe е новиот My eCharge пакет кој им помага на возачите во плаќањето и користењето на станиците за полнење. Клиентите можат да го следат нивото на полнење на батеријата директно од мобилната апликација My Uconnect, да закажат полнење, активирање на климатизација и да ги видат најблиските станици за полнење на мобилната апликација. И на Renegade и Compass 4xe, системот за навигација Uconnect 8.4 ”се нуди како стандарден или опционален, во зависност од изведбата. Дали и кога ќе се појават на пазарите на медитеранските земји во кои спаѓа и Македонија не знаеме. Исто така не се знае ниту ориентационата цена по која би се нуделе.


