Lexus LS – Подобрување на одличното

Подобрување на одличното

Претставена колку да ги подгрее страстите, обновената лимузина LS ќе почне да се продава кон крајот на годината во Јапонија

објавено 08.07.2020

Од 1989 година кога дебитираше лимузината LS е знаменосец на луксузната дивизија на Toyota. Кариерата подолга од три децении беше доволна да се продадат 870.000 примероци и да се освојат 90 земји и региони. Можеме да коментираме што сакаме, но фактите укажуваат дека оваа лимузина секогаш била наменета за сладокусците кои сакаат нешто поинакво, нешто што е многу различно од сета понуда во премиум сегментот.

Петтата генерација доживеа големи промени забележливи само за оние што се посветени на несекојдневното, оние купувачи што купуваат автомобил посветен на нив самите, за купувачите што одамна се простиле со филозофијата “гледајте ме чудете се”! Затоа сите промени се направени да се почуствуваат во користењето на лимузината каде инженерите се фокусираа на покачување на комфорот, звучната изолација и целокупна префинетост. Покрај тоа, новиот LS е достапен во нова боја на каросеријата што постигнува игра на светлото и сенките.

Одвнатре, покрај употребата на екран осетлив на допир за подобрена оперативност, посветено е темелно бескомпромисно внимание на деталите преку оработка во која се вклучени традиционални јапонски занаети како што се специфични украсувања со цел да се создаде висококвалитетна атмосфера во ентериерот. Секако дека покрај естетските повишени се и техничките нормиобединети во Lexus Driving Signature. Оваа филозофија применува детално подесување и осмислени ажурирања на компонентите со цел да овозможи нов стандард за контрола на возилото и  стабилноста. Во прилог на ова оди Lexus Teammate, што е најновата во напредните технологии за помош при возење.

За да се постигне асистенција при возење што им овозможува на патниците чувство на сигурност, Lexus не само што темелно ги подобри основните перформанси на возилото, туку ги надгради и интегрираните безбедносни технологии способни да учат од возачот и неговите реакции и да ги споредуваат со однапред дефинирани реакции на обучени професионални возачи. Со тоа се овозможува безбедност и извонредна стабилност при возењето дури и кога условите на патот се комплицирани. Во земјата на изгреј сонцето традицијата има пресудно влијание, а таа налага продажбата да започне за домашниот купувачи. Тоа треба да се случи кон крајот на годинава а потоа ќе следат останатите пазари пред се во САД. Европа би дошла на ред следната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER