Нови, нормално, повисоки цени на горивата
Објавено на 8 јуни 2020 година
Со својата денешна одлука, регулаторната комисија за енергетика ги зголеми цените на горивата кај нас во просек за 3,23%. Најмногу поскапе еуросупер БС-98 бензинот – 1,50 денар за литар, додека цените на еуросупер БС-95 и на еуродизел Д-Е V се зголемија за 1 денар. Според нивното образложение, до ова е дојдено заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период – кај бензинот за 11,30% и кај дизелот за 10,42%. Поскапувањето на дериватите ќе беше поголемо доларот да не поевтинеше за 1,933%.


