Несудениот наследник на Lada Niva
Објавено на 28 април 2020 година
Почнувајќи од 1977 година Lada Niva владее со теренскиот свет и упорно одбива да отиде во пензија. Русите на неколку пати се обидоа да ја заменат со посовремен модел, но сé завршуваше уште пред да започне. Единствен кој покрај неа успеа да преживее беше заедничкиот теренец кој АвтоВАЗ го направи со General Motors, пласиран под името Chevrolet Niva. Тој беше претставен во 1998 година како нејзин наследник, но таа го надживеа – производството на овој модел прекина лани во декември, додека Lada Niva, или како сега официјално се вика Lada 4×4, продолжи. Фабриката во која се правеше Chevrolet Niva сега целосно премина во раце на АвтоВАЗ, а моделот ќе биде интегриран во постоечката гама.
Видео


