Цената на нафтата во минус, а на горивата во плус
Објавено на 21 април 2020 година
Заради зголемувањето на акцизата, согласно одлуката на регулаторната комисија за енергетика од утре во Македонија се покачуваат цените на моторните горива – на бензините за 3,50 а на дизелот за 1,50 денари. Така, литар еуросупер БС-95 ќе чини 52,00 денари, еуросупер БС-98 54,00 а литар еуродизел Д-Е V 46,50 денари. Влијание за ваквото нееднакво корегирање на цените на горивата имаше и движењето на цените на дериватите на светските берзи, каде во изминатиот седумдневен период бензинот поскапе за 0,903%, а дизелот поевтини за 11,190%. Истовремено се намали и курсот на доларот за 0,757%, согласно што е извршено соодветно прилагодување на малопродажните цени на нафтените деривати кај нас.


