Алармантен проблем » Екраните чувствителни на допир поопасни од дрогата!

Екраните чувствителни на допир поопасни од дрогата!

Она што го знаевме сега и научно е докажано – екраните чувствителни на допир се многу опасни во возењето

Објавено на 24 март 2020 година

Сите сакаме да ги имаме во автомобилите, ама тешко се дисциплинираме во нивното користење додека возење. Заради тоа со трендот екраните чувствителни на допир да ги заменуваат копчињата во автомобилите сериозно се намалува безбедноста во сообраќајот. Колку точно покажа истражувањето на британскиот невладин институт на напредни автомобилисти. Според нивната студија, пијаните и дрогирани возачи во сообраќајот имаат побрзи реакции од оние кои ги користат мултимедиските системи додека возат. Направени се неколку серии тестови во кои се следеше вниманието на возачот во три ситуации – кога тој беше концентриран на возењето, потоа при користење гласовни команди и третата во која возачот чепка по екранот чувствителен на допир. Првата покажа дека на просечен возач со дозволена количина алкохол реакциите му се забавени за 12 отсто, а ако има конзумирано марихуана за 21 отсто. При користењето гласовни команди пак возачот реагира за 30 до 36 отсто побавно, а кога вниманието му е насочено кон екранот за 53 до 57 отсто. Истражувачите уште открија и дека во вакви случаи возачите не гледаат на патот и до 16 секунди, време за кое автомобил со брзина од 110 километри на час поминува дури 500 метри. Притоа забележале дека тие иако забавувале, имаат проблеми со одржувањето на растојанието и возењето на средина на лентата. За споредба, зборувањето на телефон која тој се држи во рака го зголемува времето на реагирање за 46, а со хендс-фри уред за 27 отсто.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER