Кантарот на регулаторната комисија овој понеделник натежна горивата да поскапат
Регулаторната комисија за енергетика редовно ги става на кантар факторите кои влијаат на цените на нафтените деривати кај нас, кој овој понеделник натежна тие да поскапат за половина односно еден денар за литар. Така од утре за литар еуросупер БС-95 ќе плаќаме по 74 денари , за литар еуросупер БС-98 по 76, а за литар од омилениот ни еуродизел БС (Д-Е V) по 71 денар.


