777 Hypercar – Седум милиони евра за на патека

Фасцинантниот хиперавтомобил 777 ќе биде направен само во седум примероци наменети исклучиво за трки на издржливост

Во конструирањето на хиперавтомобилот 777 учествуваа многу звучни имиња поврзани со автомобилската индустрија фокусирана на спортот. Ова е играчка само за ултра богатите бидејќи чини седум милиони евра без давачки и може да се вози само на патека. Располага со V8 атмосферски мотор со зафатнина од 4,5 литри од каде галопираат 800 коњи, го забрзуваат до 370 км/ч и се напојува од синтетичко гориво, кое гарантира 65% намалување на емисиите на CO2. Хиперавтомобилот 777 потекнува од прототипи за издржливост, но нема да учествува во шампионатите во категоријата на хиперавтомобили (IMSA/WEC). Таквата определба овозможи да се произведе болидот без правила и ограничувања зададени за  шампионатите. Зад дизајнот и изработката стои италијанската Dallara, додека моторот го испорачува Gibson Tech од Англија. Шасијата е монокок изработена од јаглерод хомологиран од FIA, со софистицирана аеродинамика развиена од Dallara, која генерира 2.100 кг потисок при брзина од 370 км/ч. Тежи само 900 кг и достигнува странично забрзување до 4 G. Дека не се работи само за брутална сила покажува имплементирањето на футуристичките технологии развиени заедно со Универзитетот Политехнико од Милано, Групацијата Онево и Ред Травел. 777 A.I. Racing Virtual Coaching е иновативен и патентиран систем кој му овозможува на возачот да ги зголеми сопствените перформанси благодарение на процесорот управуван од вештачка интелигенција. Таа се храни со податоци добиени во реално време за главните динамички параметри на перформансите на автомобилот. Ова му обезбедува на возачот научни и објективни податоци. Телеметријата ќе може да се приспособи во зависност од нивото на бараните перформанси и ќе може да се следи преку седумте наменски монитори, поставени на главната контролна табла зад воланот. Иако прескап, 777 привлекува големо внимание. Во овој период екипата за промоција на хиперавтомобилот 777 е на турнеја по Обединетите Арапски Емирати каде на тркачките патеки во заливот ги демонстрира можностите на овој ѕвер. На заинтересираните купувачи не им пречи цената ниту фактот дека испораката на нарачаните возила ќе започне од 2026 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER