Porsche Center Skopje, заедно со членовите на Porsche Club Macedonia покажаа дека Македонија е важен дел од мозаикот на Porsche
На 8-ми јуни 1948 година се роди една легенда која започна од сонот да се биде меѓу најдобрите.

Фердинанд Порше, воден од желбата да створи врвен спортски автомобил, заедно со својот тим го произведе првиот Porsche 356 Roadster. Од тој ден, сето останато што доаѓаше од погоните во Цуфенхаузен е дел од автомобилската историја испишана со златни букви.

На достоен начин 75. роденден на компанијата е обележан и кај нас. Многуте ентузијасти и поклоници на компанијата гордо ги покажаа своите миленици кои беа достојни да бидат на исто рамниште со експонатиte во музејот на Porsche. Во земјата Македонија, благодарение на гордите сопственици, беа изложени неколку Porsche класици со голема вредност.

Во државава најстарите егземплари на Porsche се од минатиот милениум. 911 CS Targa од 1979 година, 911 Carrera 3,2 од 1987, 911 Turbo од 1990, 911 Carrera Cabriolet од 1995. Ним им се придружија 911 Carrera 4S од 2007 година како и дополнителни 20 модели на 911 во чест на истовременото одбележување на 60 години од моделот 911.

„Со гордост сакаме да го претставиме брендот Porsche во Македонија на иновативен начин, а овој ден го покажува тоа. Прославуваме „75 години од брендот Porsche “, а направивме многу за етаблирањето на брендот Porsche во нашата земја. Движени од Соништата, возилата на брендот Porsche низ годините се во сѐ поголем број, благодарение на високото ниво на квалитет и врвната пост-продажна услуга од страна на нашата компанија.

Со оваа прослава, сакаме да фрлиме поглед кон историјата, додека смело гледаме и се движиме кон иднината.“ изјави Генералниот Директор Златко Муцунски. Пригодно излагање одржаа Винко Марашевиќ, Бренд Менаџер на Porsche и Љупчо Грујовски, претседател на Porsche Club Macedonia најавувајќи дека активностите не запираат тука.

Во рамките на оваа прослава беше изложено делото на Давор Кешкец кое ќе се продаде на аукција и средствата ќе се донираат во добротворни цели. Нека се множат родендените!