Volvo конечно го претстави својот прв електричен моноволуменец, моделот со ознака ЕМ90. За почеток Volvo EM90 ќе им биде достапен само на купувачите во Кина каде ќе се произведува и продава за високи 118 илјади долари, а кога ќе стигне во Европа и Северна Америка не е објавено. Не е кажано ни дека тој е само добро преработена верзија на Zeekr 009, но тоа сите веќе го знаат.
