Hyunda – Staria

Вести насловна

Раскошно и дрско!

Футуристичкиот луксузен моноволумен ја започнува европската кариера од Германија.

објавено 19. август 2021

Hyundai го огласи стартот на продажбата на моноволуменот Staria. Како и што се очекуваше, дебито е во Германија каде за почеток ќе се нуди во најопремената изведба Signature.

Во тој пакет има електрични лизгачки врати, загревани и вентилирани седишта од кожа, паметни клучеви, амбиентално осветлување, индивидуални седишта за релаксација во вториот ред на седишта со функција за навалување, USB конекции наоколу, три зонска климатизација, навигациски систем кој вклучува 10,25 инчен екран осетлив на допир, аудио систем Bose со дванаесет звучници. Удобноста не може да се постигне без безбедносните системи како автономно сопирање за итни случаи и активен асистент за слепи точки, како и аларм што го потсетува возачот дека во кабината има патници или други живи суштества кога бравата е заклучена.

Врвно опремената Staria се нуди за 56.150 евра, а со доплата од 2.000 евра се добива погон на сите тркала и седум седишта. Стандарден е осумстепен автоматски менувач и дизел мотор со моќност од 177 КС. Во почетокот на следната година, Staria треба да се понуди во дополнителни, поевтини варијанти. Тогаш цените ќе започнуваат од 40.000 евра. Покрај верзиите за патници, Hyundai планира и варијанти на комерцијални возила и воведување електрични погони.