25 години Автомобил на годината во Македонија

25 години Автомобил на годината во Македонија

Националното жири за избор на Автомобил на годината во Македонија го прослави 25-годишниот јубилеј

Објавено на 26 декември 2019 година

Со коктел-прием, националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија го прослави 25-годишниот јубилеј и го означи почетокот на активностите на овој јубилеен избор, истовремено собирајќи ги на исто место сите досегашни победници, сите импортери на автомобили во Македонија и оние што во досегашните 25 години биле дел од националниот избор на автомобилот на годината во Македонија. Сé започна во декември 1995 година кога на иницијатива на доајенот на македонското автомобилско новинарство Томислав Биљарац беше формирано првото национално жири за избор на автомобил на годината во Македонија. Традицијата се одржа и изборот на автомобил на годината во Македонија останува како една од ретките манифестации кои опстојуваат во овој долг временски период.

Токму сега во декември го одбележуваме и тој 25-годишен јубилеј. Бевме пионери на овие простори во организирање на ваков избор, а бевме пионери и во многу други работи поврзани со автомобилската индустрија и обидот да се подигне свеста кај луѓето за поголема мобилност но и да се изгради свеста кај купувачите на домашниот пазар, за вредноста на напредните технологии, безбедносните системи и сé она што носи иднината а при тоа водејќи сметка и за вредностите на естетиката и стилот. Имавме сесрдна помош од домашните импортери и од нивните принципали, но и од медиумите и од пошироката јавност што веќе 25 години го следи изборот очекувајќи ја одлуката кој ќе ја понесе следната круна на автомобил на годината во Македонија.

За овој јубилеен избор подготовките се веќе во полн ек. На средината на јануари 2020 година ќе бидат објавени и финалистите кои ќе бидат во конкуренција за победник и добивање на признанието која е авторско дело на Валентин Ширилов, што во сите досегашни збори го добива победникот, а изработено токму за националниот избор на автомобил на годината во Македонија. Победникот на изборот ќе биде прогласен во средината на февруари 2020 година, а претходно ќе следуваат и финалните тестирања и традиционалните дружења на финалистите и националното жири за избор на автомобил на годината во Македонија. Покрај титулата „Автомобил на годината во Македонија“, ќе биде доделено и признанието „SUV на годината“, како и признанието за посебни достигнувања во автомобилската индустрија „Томислав Биљарац“.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER